Нашiot Standard of Care
Се што правиме, го правиме со нашиот Standard of Care.
Ветуваме дека Ве ставаме на прво место, со нашата исклучителна грижа за клиенти и возила кои се сервисирани и чисти до нашиот висок стандард.
Постојано иновираме за да помогнеме да го придвижиме светот нанапред, вклучително и нови начини како би надминале вашето очекување со цел да тргнете на пат со доверба безразлика каде ќе ве однесе животот.
За да го исполниме нашето ветување, нашите рентални станици се придржуваат по најдобрите практики.
Заложба за целосна чистота
Чисти возила од секогаш било приоритет. Со Complete Clean Pledge®, ги подигнавме нашите практики за чистење на возилата и станиците за да се чувствувате сигурно со секој наем, секојпат!
Трансакции со минимален допир
Сакаме вашата процедура за изнајмување да биде што по едноставна. Ги зголемуваме нашите напори за да обезбедиме високотехнолошки дигитални алатки со низок допир што обезбедуваат помалку контакт без жртвување на услугата.
Исклучителна грижа на клиенти
Добра грижа на клиенти почнува со ислушување. Одделуваме време за да ги разбереме вашите потреби за да можеме да ви ја понудиме најдобрата опција. Ова внимание кон нашите клиенти е тоа што не направи Глобален лидер во мобилност. Клиентите доаѓаат кај нас и остануваат со нас бидејќи секогаш стремиме за исклучително и персонализирано искуство.
Одржување на возилата и безбедност
Ништо не е поважно од безбедноста на нашите клиенти. Ги следиме насоките на производителите за промена на пневматици и масло за да се осигураме дека вашето искуство е безбедно и непрекинато.
Одржување на возилата, Визуелна инспекција на секое возило
Како дел од нашиот Standard of Care, ние извршуваме последни проверки на квалитетот на секое возило пред секој наем. Ова вклучува и документација на состојбата на возилото пред секој наем, давајќи ви вам мир на умот за да можете да се фокусирате на вашиот пат.