Enterprise рент а кар
Оваа политика последен пат е ажурирана на 5 ноември 2018 година.
Enterprise Holdings inc., преку своите независни регионални подружници (колективно “Enterprise Holdings”) и мрежата на независни носители на франшиза и партнери што работат со трговските марки Enterprise rent a car, National rent a car, Alamo rent a car обезбедувва глобални услуги за резервирање и управување со изнајмувањето. Оваа интернет страница е само овлатениот носител на франшиза. За споделување на податоци и светските практики за резервирање, погледнете ја Глобалната политика на приватност на Enterprise рент а кар.
Подолу може да најдете информации за практиките за приватност на обвластениот носител на франшиза во оваа земја.
Во АБЦ Логистика ДООЕЛ ја почитуваме вашата приваност во работата со трговските марки Enterprise рент а кар, National rent a car и Alamo rent a car. Ја спроведуваме оваа политика на приватност („Политика на приватност“) за да го објасниме прибирањето на податоци и практиките што ги користиме. Повеќе може да дознаете во подолните делови.
КАКВИ ИНФОРМАЦИИ ПРИБИРАМЕ
Информации што се прибираат за вас
Може да ни дадете одредени информации во врска со трансакцијата или во вашата интеракција со нашите интернет страници и на нашите локации. Од вас ги прибираме следните видови лични податоци:
• Вашето име, контакт податоци, датум на раѓање, број на возачката дозвола и датум на истекување и информации за контакт во итни случаи;
• Информации за изнајмувањето на возилото, вклучувајќи го местото од каде се изнајмува возилото, датумот на изнајмувањето, видот на изнајмувањето и вашите преференции;
• Податоците од вашата кредитна картичка, деталите за онлајн корисничката сметка, броевите на членство/корпроативен ИД, податоци од пасошот и за програми на соработници
Како носител на франшиза на Enterprise Holdings inc. и/или на неговите подружници („Enterprise“), Enterprise со нас може да ги споделува податоците за вашата резервација. За овие трансакции, ние и Enterprise сме независни контролори на податоци. Исто така, споделуваме и податоци за вас со Ентерпрј како што е опишано подолу во овој дел со наслов „Со кого споделуваме информации“.
Трети лица ни даваат дополнителни податоци за вас, вклучувајќи:
• Извори на упатување, како што се надворешни сајтови за резервирање (што ни даваат општи податоци за контак и број за потврдување на резервацијата за да се овозможи изнајмувањето), вашипт работодавач (општи податоци за контакт) и вашиот осигурител (општи податоци за контакт и податоци од поликата).
• Онаму каде што е соодветно, нашите програми Препорачај на пријател.
• Хотели, авио компании и клубови што ни ги даваат вашите општи податоци за контакт и податоците за резервацијата.
• Кредитни агенции, кои заради спречување измами, ни го даваат информации поврзани со идентитетот.
• Даватели на услуги, како што е корисничката поддршка (податоци поврзани со корисничката поддршка и вашите барања) и даватели на маркетинг услуги (информации што ќе ви помогнат подобро да ги промовираме нашите производи и услуги).
Со ваша согласност, ќе пристапиме до податоци за локацијата или ќе прибереме маркери на локацијата од вашиот мобилен уред или врз основа на вашиот поштенски број. Овие податоци ќе ги користиме за да ви испраќаме известувања поврзани со вашата локација, информации за враќањето, локални понуди или други информации што мослиме дека бибиле од помош за да ви дадеме подобри услуги. Овие информации не ги користиме за конкретно да ве лоцираме заради друга причина освен за да ви ја обезбедиме услугиата. Со ваша согласност, нашата апликација ќе ја користи камерата на вашиот уред. Ако порано ни имате дозволено да ги користиме информациите за вашата локација или камерата на вашиот уред, а сакате да ја повлечете таа дозвола, ве молиме да ги промените прилагодувањата на вашиот уред.
Податоци за работата и локацијата на возилото
Вашето возило може да биде опремено со функција за известување при итни случаи. Во случај возилото да биде пријавено за потенцијално или реално изгубено или украдено. може да побараме пристап до потребните податоци од системите за телематика од соодветниот производител. Податоците за контакт на производителите заедно со нивните политики за обелоденување податоци може да имаат системски и услужни ограничувања, исклучоци од гаранцијата, ограничувања на одговорноста, опис на користењето, обелоденување и задржување на информации, вашите поединечни права и сите податоци што се пренесуваат надвор од Европскат економска зона може да се најдат на интернет страниците на производителите или може да бидат достапни на контролната табла на возилото.
Кога користите сателитска навигација или инфотејнмент систем во ова возило, одговорни сте за сите информации што се складирани во системите како резултат на вашето користење, Не можеме да гарантираме за приватноста или за доверливоста на овие информации и мора да ги избришете пред да ни го вратите возилото. Ако не го направите тоа, следните корисници на возилото ќе можат да пристапт до овие информации.
КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците што ги прибираме од вас или за вас ги користиме за да ви ги обезбедиме нашите услуги и за следните намени:
• Кога е потребно да склучиме договор со вас и да ви ги обезбедиме услугите за времетраењето на договорот, вклучувајќи
o За да се овозможат трансакциите што ги барате како што се резервирање, изнајмување, купување или лизинг на моторни возила.
o За да се обезбедат кориснички услуги поврзани со вашите интеракции со нас или за да се одговори на вашите прашања.
o За да ве вклучиме во нашите програми за лојалност и да ви испраќаме непромотивни информации поврзани со вашето тековно членство во овие програми.
• Кога треба да се придржуваме до одредена законска обврска, вклучувајќи
o Да споделиме информации за локацијата на вашето возило со итните служби во случај да сте учествувале во сообраќајна незгода.
o Да споделиме информации со органи на власта или регулаторни органи кога тоа е пропишано со закон или како одговор на законска постапка, обврска или барање.
• Кога тоа е неопходно поради наши легитимни интереси што се наведени подолу и кога нашите интереси не ограничени со вашите права за заштита на личните податоци, вклучувајќи
o За да пренесеме важни информации за вашето изнајмување како што се потсетувања за пристигнување или за враќање.
o За да ни помогнат да ви обезбедиме подобри производи и услуги, на пример, за да ја оцениме работата на нашите вработени, за да го процените квалитетот на производите и услугите и да ни помогне да ги подобриме нашите интернет страници, објекти и услуги.
o За да прибираме статистика и аналитика за користењето на нашите интернет страници, производи и услуги од нашите клиенти.
o За да развиеме ваш профил и профил на вашите интеракции со нас за да можеме да обезбедиме прилагодени понуди, можности и услуги што може да ве интересираат.
o За да ги заштитиме вашите законски права и да управуваме со сигурноста на нашите мрежи и имот. На пример, ќе користиме видео надзор за да ја обезбедиме сигурноста на нашите простории и водиме листи на клиенти на кои не им издаваме возила за кои има ризик дека нема да платат или безбедносен ризик.
o За да ги споделуваме вашите податоци со трети лица за да спречиме измама и да ги заштитиме нашите деловни интереси и права, приватност, безбедност и сопственост или оние на јавноста. Ова ќе го правиме за да ги наплатиме неплатените фактури, да избегнеме одговорност за казни што ви се изречени (на пример, казни за сообраќајни прекршоци) и зарадо обработка на тужби.
o За да ги споделиме вашите податоци со трети лица за да ни овозможат да користиме соодветни средства или да ги ограничиме штетите што може да ги претрпиме и да ги спроведеме условите од ренталните договори или условите на нашата интернет страница. За да ги споделиме вашите податоци со трети лица за да спречиме измамма и да ги заштитиме своите деловни интереси и права, приватност, безбеднпст и сопственост или оние на јавнпоста. Ова ќе го правиме за да ги наплатиме неплатените фактури, да избегнеме одговорност за казни што ви се изречени (на пример, казни за сообраќајни прекршоци) и зарадо обработка на тужби.За да ги споделиме вашите податоци со трети лица за да ни овозможат да користиме соодветни средства или да ги ограничиме штетите што може да ги претрпиме и да ги спроведеме условите од ренталните договори или условите на нашата интернет страница. Вашите податоци ќе ги обелодениме на трети лица ако може да бидат прекршени правата на други лице.
o За да ни овозможи да користиме телематика.
• Кога сте дале согласност, вклучувајќи
o Да ви испраќаме одредени промотивни или насочени маркетинг соопштенија, можности и услуги што може да ве интересираат.
o За да ви испраќаме текстуални пораки за да ви испратиме чувствителни соопштенија поврзани со вашата трансакција (на пример, доцнење на изградбата на подружницата на аеродромот), проширени можности за изнајмување, анкети за искуството на корисниците, макркетинг промоции како што се купони, попусти, погодности во последен момент или информации за лојалност и награди.
Држење на вашите лични податоци
Вашите лични податоци ги држиме се додека тоа ни е потребно за исполнување на нашите следни деловни цели:
Маркетинг: Ги чуваме вашите податоци поврзани со колачињата и со други онлајн идентификатори најмногу до три години. Другите маркетинг информации, како што се пријавите со е-пошта и податоците за пријавување во програмите за лојалност, најмногу 7 години от вашата последна интеракција со нас.
Трансакции на изнајмување: Податоците поврзани со вашиот рентален договор ги чуваме најмногу 7 години од датумот на изнајмувањето, согласно локалните законски прописи. Евиденцијата за плаќањата што се ти направиле ја чуваме најмногу 2 години од датумот на трансакцијата (во зависност од местото на изнајмување).
Прашањата поврзани со корисничката услуга: Општите прашања ги чуваме најмногу 3 години, освен ако не поднесете приговор и во тој случај, податоците за приговорот ги чуваме 7 години.
Спорови и судски постапки: Ако сме вклучени во тужба или во истрага на орган на власта или на регулативен орган, податоците ги чуваме додека трае постапката или истрагата и уште 5 години по завршувањето. Ако согласно спогодбата треба податоците да ги чуваме подолго, тогаш податоците ги чуваме во периодот потребен за спроведување на спогодбата. Ако им даваме податоци на органите на прогон, тогаш ќе ја чуваме евиденцијата за тоа една година од завршувањето на истрагата.
СО КОГО СПОДЕЛУВАМЕ ИНФОРМАЦИИ/b>
Соработници
Информациите што ги прибираме за вас ги споделуваме со нашите соработници („Соработници“) заради извршување на трансакциите што сте ги побарале и (со ваша согласност) заради маркетинг.
Enterprise
Вашите лични податоци ги споделуваме со Enterprise заради следните цели:
• Заради управување со вашето изнајмување и за Enterprise да комуницира со вас или да ви помогне со вашето изнајмување.
• Во однос на секоја незгода што може да се појави поради вашите постапки или постапките на дополнителниот овластен возач во однос на Enterprise ако Enterprise смета дека, како резултат на таа незгода, вие или дополнителниот овластен возач може да претставувате ризик за идни изнајмувања.
• За да може Enterprise или надворешен давател на услуги да спроведува телефонска анкета за задоволството на корисниците.
• За да ви испраќа маркетинг пораки за слични производи или услуги за кои Enterprise смета дека може да ве интересираат, вклучувајќи и надочено рекламирање на интернет страниците на Enterprise, избрани партнерски страници или социјални мрежи.
• За да изведува статистика и анализи за вашето користење на продуктите и услугите на Enterprise и за користењето на продуктите и услугите на Enterprise од други дополнителни овластени возачи, вклучувајќи статистика базирана на анонимизирани податоци што му овозможуваат на Enterprise во иднина вам и на другите корисници да им нуди подобри кориснички услуги, продукти, поволности и функционалности.
Кога ги сподлеуваме овие информации со Enterprise, ние и Enterprise делуваме како независни контролори на податоци. Enterprise има своја полтика за проватност во однос на информациите што му ги даваме на Enterprise. Политиката за приватност на Enterprise можете да ја најдете на https://privacy.ehi.com
Нашите даватели на услуги и деловни партнери
Вашите податоци ќе ги споделуваме со надворешни лица, како што се (1) даватели на платежни, административни и услуги на техничка поддршка, (2) нашето осигурување, корпоративното изјамување или други корисници или партнери за да ја олесниме трансакцијата на изнајмување, (3) давателите на комуникациски услуги што испраќаат соопштенија по е-пошта и други соопштенија до вас во наше име, (4) давателите на услуги на техничка поддршка за да ви обезбедат техничка поддршка, (5) давателите на услуги за наплата на долг, (6) процесорите на побарувања и (7) нашите рекламни и маркетинг партнери и надворешни медиуми, вклучувајќи интернет страници на социјални медиуми со кои споделуваме збирни и анонимизирани информации за наштие корисници за да им овозможиме да испраќаат насочени реклами пораки во наше име, да ги анализираат и управуваат со нашите податоци, да спроведуваат мобилни аналитички услуги и да ги одржуваат и да ги подобруваат нашите услуги (предмет на соодветни договори за доверливост).
Органи за власта
Вашите лични информации може да се споделуваат и со органи на власта како што беше погоре опишано.
Продажба, спојување или промена на контролата
Вашите информации може да бидат пренесени на друга компанија и во случај на пренос, промена на сопственоста, реорганизација или отуѓување на целокупните или дел од бизнисот или средствата на Enterprise Holdings. Тоа ќе се случи ако страните склучат договор според кој прибирањето, користењето и обелоденувањето на податоците е ограничени на тие цели на деловната трансакција, вклучувајќи и определување дали да се продолжи со деловната трансакција. По е-пошта или со видливо соопштение на нашата интернет страница ќе бидете известени триесет (30) дена пред промената на сопственоста или контролата на вашите лични податоци или согласно пропишаното или дозволеното со закон.
ГЛОБАЛЕН ПРЕНОС И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ
Податоците што ни ги давате или што ги прибираме може да се пренесуваат или до нив да пристапуват субјекти низ целиот свет, вклучувајќи:
• Enterprise: Ако направите резервација кај нас или на локација во сопственост на Enterprise, вашите лични податоци ќе ги пренесеме на Enterprise. Enterprise Holdings inc. има седиште во Соединетите Американски Држави и има локации во сопственост на корпорацијата во САД, Канада, Германија, Шпанија, Франција, Ирска и во Велика Британија.
• Надворешни даватели на услуги: Користиме надворешни даватели на услуги што се надвор од земјите каде имаме локации во сопственост на корпорацијата како што се повикувачки центри, обработувачи на жалби и даватели на информатички услуги.
• Глобалните информациони системи на Enterprise што се наоѓаат во САД: Enterprise ги држи своите глоблани информациони системи во САД. Ако ни дадете или прибереме ваши лични податоци надвор од САД, ќе ги пренесеме и ќе ги чуваме во Соединетите Американски Држави.
ВАШИТЕ ПРАВА
Вашите права ги опфаќаат правото да: 1) побарате примерок од вашите лични податоци, 2) побарате да ги кориграме вашите лични податоци, 3) побарате да избришеме одредени категории или видови податоци, 4) побарате да ограничиме одредена обработка, 5) ги добиете податоците во структуриран формат што може да го чита машина и 6) пренесеме некои од податоците на други организации. Имате право да приговорите на обработката на личните податоци врз основа на легитимен интерес. Онаму каде што сме побарале ваша согласност за обработка на податоците, имате право во секое време да ја повлечете таа согласност.
Овие права може да ги користите преку директен контакт со нас или преку линкот на крајот на оваа страница. На вашето барање ќе одговориме во рок од 30 дена или согласно условите од локалниот закон.
Го резервираме правото да не дозволиме пристап до вашите податоци или да ги ограничиме вашите права (на пример ако тоа обелоденување е забрането со закон или ако може да биде прекршено правото на друг поединец). Во некои случаи тоа може да значи дека можеме да ги задржиме вашите лични податоци дури и ако ја повлечете вашата согласност.
МАРКЕТИНГ ПРЕФЕРЕНЦИИ
Имате право да приговорите на директниот маркетинг како и на профилирањето што го вршиме заради директен маркетинг. Ќе можете да се откажете од соопштенијата на директниот маркетинг следејќи ги упатствата во секое соопштение што ќе го добиете. Може да контактирате со нас и директно користејќи го линкот на крајот на оваа страница.
Може да се откажете од прикажувањето на рекламите што ги гледате на страниците на Enterprise со кликнување на иконата за избор во рекламата или преку поставките за приватност на страницата.
ИЗМЕНИ НА ОВИЕ ПОЛИТИКИ
По потреба ќе ја ажурираме оваа Политика за приватност за да ги отслика промените на нашата пракитка на приватност. Ако направиме материјални измени ќе ве известиме по е-пошта (испратена на адресата наведена во вашата корисничка сметка) или преку известување на оваа страница или на друг начин што може да биде пропишан или дозволен со закон, пред измените да стапат во сила. Ве охрабруваме повремено да ја разгледувате оваа страница за да добиете најнови информации за нашите практики за приватност.
ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ НА КОНТРОЛОРОТ НА ПОДАТОЦИТЕ
Ако вршите изнајмување или ја посетувате страницата или мобилната страница во следните земји, контролорот на податоците ќе биде наведен подолу.
Земја | Контролор на податоците | Податоци за контак |
---|---|---|
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА | АБЦ Логистика ДООЕЛ | бул. Илинден бр. 36, 1000 Скопје Е-пошта: contact@enterprise.mk Телефон: +389 71 496222 |