УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Enterprise рент а кар
Услови за користење на веб страницата или мобилната апликација
Последно ажурирано на: јули 2022 година


ВОВЕД

АБЦ Логистика ДООЕЛ Скопје ја обезбедува оваа веб страница („страница“) за своите подружници и нивните носители на лиценци/франшизи кои управуваат со системите на Enterprise rent a car, National rent a car и Alamo rent a car („Над“, „Наше“ или „Ние“). Таа е за вие да ја користите, под овие услови за користење, како и сите важечки законски и други прописи. Ве молиме внимателно прочитајте ги овие услови за користење. Со пристапувањето на оваа страница целосно и безусловно прифаќате и се согласувате да се придржувате кон овие услови за користење. Доколку не се согласувате со нив, ве молиме не ја посетувајте односно не ја користете страницата. Го задржуваме правото да ги менуваме овие услови за користење, така што ве молиме проверувајте од време на време за да видите дали има промени. Доколку продолжите да ја користите страницата по поставувањето на промените на овие услови за користење, тогаш тоа значи дека ги прифаќате таквите промени. Дека условите се ажурирани може да се види така што ќе има понов датум на врвпт на оваа страница.

КОРИСТЕЊЕ НА СТРАНИЦАТА

Ја одржуваме оваа страница за да може да се користи а лични и некомерцијални цели. Користењето на оваа страница на други цели е можно само врз основа на изречна пртходна пишана согласност од Нас. Без било какви ограничувања на претходно наведеното, не смеете: (1) да ја користите страницата за комерцијални цели, вклучувајќи и преку дистрибуција, пренесување односно објавување на страницата односно нејзините содржини; (2) да го попречувате користењето на страницата од страна на други: (3) да го попречите работењето на страницата односно да го попречите односно нарушите работењето на серверите или мрежите поврзани со истата; (4) да ги попречувате нашите права на интелектуална сопственост; (5) да ја врамувате односно на друг начин кобрендирате страницата или нејзините содржини; (6) длабоко поврзување до било кој дел од страницата или (7) да ја користите страницата за било какви незаконски цели. Го задржуваме дисрекционото право да размислиме за односно да го пграничиме вашето користење на страницата, без известување, од било која причина или без причина и без за тоа да бидеме повикани на оговорност од вас односно било кое труго трето лице. Во таков случај, може да ве информираме вас или вашиот интернет провајдер за вашите активности и да преземеме соодветни активности согласно законски прописи.

ПРОМЕНИ НА СТРАНИЦАТА

Го задржуваме правото, во секое време да направиме промени, да го суспендираме или да укинеме било кој дел од страницата, без известување односно без никаква одговорност кон вас или било кое трето лице. Исто така го задржуваме правото, во секое време, да ограничиме одредени карактеристики и услуги на страницата.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

Ние сериозно ја разбираме вашата приватност. Сите информации доставени до односно собрани преку странцата се предмет на нашата политика за приватност, чиишто услови се вградени во овие услови за користење.

ВРСКИ ДО ДРУГИ СТРАНИЦИ

Оваа страница може да содржи и врски до веб страници на трети лица. Ние немаме контрола ниту пак сме одговорн за содржините односно политиките за приватност на таквите поврзани страници, а тоа што некоја врска е вклучена на нашата страница не значи дека наше одобрување на истата.

РЕЗЕРВАЦИИ И ТРАНСАКЦИИ

Сите барања за резервации направени преку оваа страница се предмет на прифаќање од наша страна, за што имаме исклучиво дискреционо право. Доколку не се избере можност за плаќање однапред (ако постои таква можност), вие или ние можеме да ја отажеме резервацијата, било да е ресервацијата потврдена или не, од било која причиа или без причина, според вашето или нашето дискреционо право, како и без никаква одговорност пред другиот. Кликнете тука за да ги видите условите Плати сега, доколку постојат. Ренталните договори помеѓу нас и корисниците на страницата се склучуваат исклучиво во нашите подружници односно филијали и нивните соодветни носители на франшизи.

ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Се согласувате дека сите известувања, согласности, обелоденувања или други комуникации кои ќе ви ги испратиме електронски ќе ги задоволат сите законски барања, вклучвајќи го и барањето таквите комуникации да бидат во пишана форма.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Содржината, структурата и изгледот на страницата, како и програмерскиот код („Содржината“) се во наша сопственост. Сите права на интелектуална сопствеост (на пример. трговска марка и авторски права, права на бази на податоци) се во сопственост на Enterprise Holdings, Inc. (“EHI”)) или Вангард Трејдмарк Холдингс, САД, ЛЛЦ (Vanguard Trademark Holdings, USA, LLC (“Vanguard”)) кои се две наши подружници и се заштитетни со закон. Сите права се задржани. Можете да испечатите примерок од содржината на вашиот компјутер само за ваша лична, некомерцијална, домашна употреба, под услов да не ги отстранувате ознаките поврзани со трговските марки, авторските права или другите сопственички ознаки од содржината. Било каков друг начин на користење на содржината е строго забранет, освен со наша претходна пишана дозвола. Страницата исто така може да содржи содржини кои се во сопственост на трети лица, вклучувајќи и субјекти кои се рекламираат кај нас. Таквите содржини на трети лица може да ги користите само со изречно овластување од страна на соодветниот сопственик. Сите барања за дозвола за препечатување или друг начин на користење на содржината треба да бидат упатени го раководителот за интелектуална сопственост на следнава адреса: Intellectual Property Manager, Copyright Reprint Permission, 600 Corporate Park Drive, St. Louis, Missouri 63105 или nicadmin@enterprise.com.
Не гарантираме дека вашето користење на материјалите прикажани на односно поврзани со страницата нема да ги повредат правата на трети лица.

БАРАЊА ПОВРЗАНИ СО ПОВРЕДА НА АВТОРСКИ ПРАВА

Доколку сметате дека материјалите поставени на страницата ги повредуваат вашите права на интелектуална сопственост, ве молиме да ни се обратите на следнава адреса: Intellectual Property Manager, Intellectual Property Questions, 600 Corporate Park Drive, St. Louis, Missouri 63105 или nicadmin@enterprise.com. Ве молиме вклучете ги следниве елементи: (1) електронски или физички потпис на лицето овластено да постапува во име на сопственикот на авторските права односно другиот вид на сопственички интерес; (2) опис на авторското дело односно друг вид на заштитени материјали во однос на кои сметате дека постои повреда на правата; (3) опис за тоа каде предметниот материјал се наоѓа на странцата; (4) вашата адреса, телефонски број и адресата на електронска пошта; (5) ваша изјава дека имате основано сомневање дека спорниот начин на користење на материјалите не е одобрен од страна на сопственикот на авторските права односно другиот вид на сопственички интерес, од страна на неговиот застапник односно од страна на законот и (6) ваша изјава дека информациите во вашето известување се точни и дека вие сте сопственикот на авторските права односно другиот вид на интерес односно дека сте овластени да постапувате во име на сопственикот.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

ENTERPRISE, логото „e“, WWW.ENTERPRISE.COM, ENTERPRISE.COM, НИЕ ЌЕ ВЕ ЗЕМЕМЕ (WE’LL PICK YOU UP), АРМС (ARMS), ЕКОЛИ (ECARS), МЕСЕЦ ИЛИ ПОВЕЌЕ (MONTH OR MORE), КОРПОРАЦИСКА КЛАСА (CORPORATE CLASS), СЕКОЈДНЕВНА ПРОДАЖБА (EVERYDAY SALE) се вклучени во семејството на трговски марки и услужни марки во сопственост на ЕХИ (EHI) (ова не е сеопфатна листа на трговските односно услужните марки на ЕХИ). Трговските марки односно услужните марки означени со симболот „®“ се регистрирани во Канцеларијата за трговски марки и патенти на САД (U.S. Patent and Trademark Office) како и во бројни други земји во странство. Други трговски марки или услужни марки кои припаѓаат на ЕХИ или Вангард може да бидат означени со симболите „SM“ или „TM“. Нашите трговски марки или услужни марки не смеат да се користат во врска со производи или услуги без наша претходна пишана дозвола. Сите други брендови, трговски марки и имиња кои не се во сопственост на ЕХИ или Вангард, кои се појавуваат на страницата се сопственост на нивните соодветни сопственици, кои пак може, но не мора да бидат поврзани односно одобрени од нас.
Ние и компаниите поврзани со нас имаме одреден број на тековни апликации за патенти, како во САД така и во странство, со кои се опфатени различни аспекти на оваа страница, а корисниците се предупредени да не ги копираат, усвојуаат, користта односно на друг начин позајмуваат техниките, функционалностите на менијата односно другите функционални аспекти односно можности бидејќи тоа може да доведе до сносење одговорност за повреда на права од патенти.

КОРИСТЕЊЕ НА ДОСТАВЕНИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Се согласувате дека слободно можеме да користиме коментари, информации или идеи содржани во сите комуникации кои ни ги испраќате, без надоместок, признание односно плаќање кон вас, за било која намена, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на развивање, производство и маркетинг на производи и услуги и создавање, менување односно подобрување на страницата или другите производи и услуги.

БЕЗ ГАРАНЦИЈА

Иако ги преземаме сите активности за да ја одржиме точноста и сигурноста на странцата, не гарантираме ниту пак застапѕваме дека секогаш ќе функционира односно дека нема да има грешки. Не преземаме законска или било каква друга одговорност за грешките односно пропустите на страницата или за проблемите со нејзиното работење. Вашиот пристап и користење на страницата се на ваш ризик. Без оглед на претходно наведеното, СТРАНИЦАТА, НЕЈЗИНАТА СОДРЖИНА И СИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ НЕА СЕ ДАДЕНИ „КАКВИ ШТО СЕ“ ИЛИ „КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“ БРЗ БИЛО КАКВА ГАРАНЦИЈА, ИЗРЕЧНА ИЛИ ИМПЛИЦИРАНА, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧИУВАЈЌИ СЕ НА ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА ПОДОБНОСТ ЗА ТРГУВАЊЕ, ПОДОБНОСТ ЗА КОНКРЕТНА НАМЕНА, ТИТУЛА И НЕПОВРЕДЛИВОСТ. Некои земји не дозволуваат исклучување на одредени гаранции, така што погоре наведеното може да не се однесува на вас.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЗАКОНСКАТА ОДГОВОРНОСТ

ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НИЕ, НАШИТЕ ПОВРЗАНИ КОМПАНИИ И ДИРЕКТОРИТЕ, СЛУЖБЕНИЦИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ И АГЕНТИТЕ НА ТАКВИТЕ КОМПАНИИ НЕМА ДА БИДЕМЕ ЗАКОНСКИ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КАКВИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ОДНОСНО ДРУГИ ВИДОВИ НА ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ОДНОСНО СЕ ВО ВРСКА СО ВАШИОТ ПРИСТАП, КОРИСТЕЊЕ ИЛИ НЕМОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТРАНИЦАТА, БИЛО КАКВИ ИНФОРМАЦИИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД СТРАНИЦАТА ОДНОСНО БИЛО КАКВИ ТРАНСАКЦИИ ОСТВАРЕНИ ПРЕКУ СТРАНИЦАТА.
Ништо од овие услови за користење не ги исклучува ниту ги ограничува вашите законски права. Особено, ништо во овие услови за користење не ја исклучува ниту ја ограничува нашата законска одговорност во случај на смрт или повреда предизвикана поради наша небрежност, за измама или измамничко погрешно толкување односно за повреда на сите имплицирани гаранции кои не можат да бидат исклучени согласно со закон.

ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

Се согласувате да ги обесштетите и да не сметате нас и нашите поврзани компании и нивните соодветни директори, службеници, вработени и агенти за виновни во врска со било какви барања од трети лица односно покренувања на постапки, вклучувајќи ги тука и разумните адвокатски надоместоци и трошоци кои произлегуваат директно или индиректно, целосно или делумно од вашиот пристап односно користење на страницата односно од прекршување на законските прописи односно правата на било кое лице од ваша страна.

СПОРОВИ

Овие услови за користење се управувани и се толкуваат во согласност со законите на Англија. Било какви постапки за спроведување на овие услови за користење може да се покренат во вашата надлежност или до други судови кои имаат надлежност за постапуваат по вакви спорови. Освен доколку не е забрането, се согласувате дека било кој односно сите спорови, барања и постапки кои директно или индиректно произлегуваат од страницата треба да се решаваат посебно. Било кое барање или постапка кои што би можеле да ги имате во однос на страницата треба да бидат покренати во рок од една (1) година по настанувањето на барањето односно постапката, иако може да постојат законски прописи кои го предвидуваат спротивното. Ние не учествуваме во постапки за алтернативно разрешување на споровите.

ОПШТО

Доколку некоја одредба од овие услови за користење се смета дека е неважечка односно не може да се изврши, тогаш таквата одредба ќе биде толкувана во согласност со важечките законски прописи, а преостанатите одредби ќе се извршат. Насловите се само за референца и на ниту еден начин не го дефинираат, ограничуваат, толкуваат односно опишуваат обемот на ставот под нив. Доколку не успееме да извршиме некоја од одредбите предвидени во овие услови за користење, тоа нема да значи откажување од таквата или било која друга одредба. Овие услови за користење го претставуваат целосниот договор помеѓу вас и нас во врска со користењето на оваа страница.

КОНТАКТ US

Доколку имате било какви прашата во врска со овие услови за користење, ве молиме да ни се обратите на +389 714 96222.